Нотингам ја прекина победничката серија на Астон вила

Фудбалерите на Нотингам форест со 2:0 ја совладаа Астон вила во рамки на 11-то коло од Премиер лигата. Со поразот, тимот до Бирмингам ја прекина серијата од шест меча без пораз и која започна пред повеќе од два месеци, кога загуби од Ливерпул.

Уште на самиот старт на мечот започнаа проблемите на Астон вила бидејќи Ола Аина во петтата минута на асистенција на Тофоло, го отвори резултатот.

Дилемите околу победникот беа решени на стартот од второто полувреме кога Тофоло повторно асистираше, овојпат до Мангала.

По 11-то коло, Астон била остана на петтото место на табелата со 22 бода, додека Нотингам форест скокна на 11-та позиција со 13 освоени бодови

- Оглас -

Најнови вести