0.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Нотингем форест најде чаре за главниот проблем и го победи Лидс

Нортингем форест конечно не прими гол и успеа да го победи Лидс со 1:0 и сега е подалеку од опасната зона за испаѓање во Англија.

Поранешниот двоен европски првак досега на 21 меч прими дури 35 гола, што е трет најлош ефект во Премиер лигата, а со 22 примени погодоци во второто полувреме е и најлош тим од сите 20 што играат во елитата.

Денеска ги затворија сите приоди кон својот гол, а ги награди Бренан Џонсон со победнички погодок во 14. минута.

Со ист резултат во истиот термин од 15 часот Торино го победи Удинезе во меч од италијанската Серија А.

Стрелец на голот беше Карамух во 49. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести