Нов дебакл на Ајакс, немоќните Копјаници заковани на дното на табелата во Холандија

ПСВ Ајндховен го совлада Ајакс со 5-2 во големото дерби на холандскиот фудбал, но дерби само според имињата, не и според моментната состојба во која се наоѓа најтрофејниот холандски клуб.

Ајакс е последен на табелата со само 5 бода во осум кола и има пет порази по ред. ПСВ има максимални 30 бода од десет меча.

Копјаниците од Амстердам изненадувачки го добија првото полувреме со 2-1, но веќе во 72-ра минута семафорот покажуваше 5-2 и стана јасно дека ПСВ ќе победи. Мексиканецот Ирвинг „Чаки“ Лозано даде три гола и беше творец на триумфот.

- Оглас -

Најнови вести