Нов дебакл за Фенербахче во Евролигата

Жалгирис Каунас му го нанесе можеби најтешкиот пораз на Фенербахче сезонава во Евролигата откако литванскиот гигант славеше со убедливи 99:62 на домашен терен во мечот од 15-тото коло.

Домаќините буквално го надиграа европскиот првак од 2017 година уште на стартот од средбата, по што Жалгирис поведе со 24-7 по првиот период. Тимот на Кокошков потоа немаше сили да се врати во игра, а напоредно негативата растеше од минута во минута.

Со 18 поени и шест скока, Рубит ги предводеше домаќините, додека Де Коло заврши со 14 поени како најефикасен играч од редовите на Фенер.

Жалгирис во еден период имаше и највисоки +37, предност до која повторно дојде во финишот од средбата за осми овосезонски триумф. Фенерахче го претрпе 10-тиот пораз сезонава во Евролигата, односно трети последователен.

Во меѓувреме, Олимпија Милано славеше со 72:69 на гостувањето кај Анадолу во Истанбул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести