Нов договор и „ѓаволска“ плата за Лук Шо

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо, потпиша петгодишна соработка со клубот, а доби и значително зголемување на платата, ќе заработува 150.000 фунти неделно. Со оглед дека неговиот претходен договор истекуваше по крајот на оваа сезона, управата одлучи да го задржи во тимот откако ја оправда укажаната доверба од Жозе Мурињо.

Шо е еден од подобрите поединци во екипата во турбулентниот почеток на кампањата на „црвените ѓаволи“, конечно доби вистинска шанса да се докаже, откако претходниве години се мачеше да се вклопи во тимот, како и тешката и долга повреда на ногата која го спречуваше да напредне.

Дваесет и тригодишниот дефанзивец во редовите на Јунајтед пристигна во 2014 година, како тинејџер од Саутемптон за сума од 30 милиони евра, а дури сезонава почна редовно да настапува за првиот тим, по што заслужи да добие повик од Саутгејт во репрезентацијата на Англија.

- Оглас -

Најнови вести