Нови голови на Тричковски – За топ-голгетер на АЕК нема дилеми, Македонецот најавува битка за нова Златна копачка на Кипар (Видео)

Иван Тричковски е симбол на АЕК Ларнака, најдобар стрелец во историјата на клубот и носител на Златната копачка во Кипар, а не престанува да дава голови и на 35-годишна возраст.

Денеска капитенот пак беше стрелец за АЕК против Олимпијакос Никозија, и тоа двоен, што му се трет и четврти погодок во новото првенство на Кипар, во кое во сезоната 2019/20 ја освои Златната копачка со 20 гола.

Во англиски стил со удар со глава Тричко ја затресе мрежата на гостите во 44-тата минута, во тој момент за предност на АЕК од 2:0.

И во оваа сезона речиси и нема дилеми дека популарниот Иве пак ќе биде топ-голгетер во својот тим, а најавува и битка за ново признание, најдобар стрелец во кипарското првенство.

Повторно капитенот на АЕК беше стрелец во последните моменти на мечот, во 95-тата минута.

АЕК го победи Олимпијакос со 4:2, а Тричковски го одигра целиот меч за домашниот тим.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести