Тотенхем доби нов сериозен удар во борбата за опстанок откако напаѓачот Доминик Соланке ќе мора да паузира до крајот на сезоната поради повреда.
Според информациите, англискиот репрезентативец заработил делумно кинење на бутниот мускул, повреда која е потврдена по последните медицински прегледи. Соланке се повреди во завршницата од првото полувреме на натпреварот против Вулверхемптон и веднаш беше заменет.
Оваа ситуација претставува сериозен проблем и за неговите индивидуални планови бидејќи го доведува под знак прашалник и неговиот статус за избор во селекцијата на Англија за претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада.
Проблемите за Тотенхем сè уште поголеми бидејќи повредата на Соланке е дел од поширока серија на кадровски удари. На истиот натпревар сериозно се повреди и Чави Симонс, кој исто така ја заврши сезоната предвреме.
Сезоната за тимот од Лондон се претвора во вистински кошмар, со оглед дека ова е веќе десетта повреда во ростерот. Тотенхем се наоѓа во опасната зона на табелата на четири кола пред крајот, само со два бода над Вест хем, што дополнително ја комплицира борбата за опстанок.

