Нов хаос во Италија, Палермо повторно пред селидба во Серија Ц

На Палермо му се заканува преселба во Серија Ц, дури и административна забрана, откако еднаш годинава со жалба до италијанскиот суд се спаси од преселба во понизок ранг.

Најголемиот и најзначаен фудбалски клуб од Сицилија според информациите на италијанските медиуми не ги доставил сите документи потребни за регистрација и потврда на учеството во Серија Б.

Рокот беше до полноќ, а новите финансиери на клубот тврдат дека сите обврски се исполнети. Одлуката за тоа дали Палермо ги доставил сите потребни документи и ќе може да игра во Серија Б ќе биде донесена на 5. јули.

Спорно е подмирувањето на долговите, пред се во најголем обем кон фудбалерите, а гаранцијата дека се исплатени околу 12 милиони евра требаше да биде меѓу главните документи што се бараа од Палермо за да остане во истиот ранг на натпревари.

Илија Несторовски и Александар Трајковски речиси сигурно ќе си заминат од клубот од Сицилија, без разлика дали Палермо ќе игра во Серија Б, или во понизок ранг на натпревари.

- Оглас -

Најнови вести