Нов хорор во НФЛ, го повреди вратот и не можеше да стане (Видео)

Нов хорор се случи ноќеска во НФЛ-лигата, а шокантно делуваат сцените при повредата на вратот на Расел Гејџ.

Примачот на екипата на Тампа беј бјукенерс доби ненамерен удар зад увото во еден дуел со Донован Вилсон и потоа не можеше да стане иако се обидуваше.

Тие моментни изгледаа застрашувачки, а веднаш интервенира медицинскиот тим.

Гејџ беше префрлен во болница, каде што е констатирано дека нема сериозна повреда на вратот и може да ги движи екстремитетите.

https://twitter.com/trentstrong413/status/1615277709571022848?s=20&t=akZvh808a5h-0f5mpwcsDA

Пред две седмици Дамар Хамлин од екипата на Бафало билс имаше срцев застој на терен по страотен удар со противникот и беше во животна опасност, но, за среќа, веќе си замина од болница и е на домашно лекување.

 

 

- Оглас -

Најнови вести