Нов инцидент во Франција и пак настрада Паје – Прекин во Лион, шише со вода летна од публиката и ја повреди ѕвездата на Марсеј (Фото+Видео)

Димитри Паје повторно настрада во меч од француското првенство, а голем инцидент се случи во Лион.

На дербито меѓу Лион и Олимпик Марсеј, ѕвездата на гостите доби удар со шише со вода фрлено од трибините во момент кога се обидуваше да изведе корнер.

Паје настрада и веднаш доби помош од лекарската екипа на гостите, а мечот е прекинат во седмата минута.

Истиот играч беше на цел и на навивачите на Ница во уште еден голем инцидент во француското првенство.

И на тој дуел Паје беше гаѓан од трибините со шишиња со вода, а инцидентот ескалираше со тепачка меѓу навивачите на Ница и играчите на Олимпик Марсеј, па мечот беше прекинат и се преигра во нов термин без публика.

 

 

- Оглас -

Најнови вести