Екипата на Истра 1961 приреди големо изненадување со победата од 1-0 на гостувањето кај Риека.
За Риека ова е втор пораз сезонава во хрватската лига, првиот го претрпе на 1-ви февруари, истотака со 0-1, тогаш од Вараждин, па сега нов лидер на табелата е сплитски Хајдук кој има еден бод повеќе од риечаните.
Во трка за титулата е и актуелниот првак Динамо Загреб кој заостанува пет бода зад првопласираниот Хајдук.