Нов малер за Осимен – Позитивен е на ковид-19, ќе го пропушти Африканскиот куп на нациите

Виктор Осимен се соочи со нов проблем, сега е позитивен на ковид-19, иако асимптоматски, но ќе мора да биде во карантин и најверојатно ќе го пропушти Африканскиот куп на нациите.

Од Наполи објавија дека тестот на ковид-19 на Нигериецот е позитивен.

Осимен имаше тешка повреда на лицето и беше опериран, па сè уште е во процес на рехабилитација. Се повреди на мечот против Интер во ноември, во дуел со Шкрињар, но и процесот на заздравување одеше побрзо од очекуваното и се очекуваше Осимен да игра на АФКОН за Нигерија од 9 јануари до 6 февруари.

 

- Оглас -

Најнови вести