Нов малер за ПСЖ – Нејмар нема да игра против Барселона

Пари Сен Жермен има сè поголеми проблеми пред двомечот во осминафиналето на Лигата на шампионите против Барселона, а по Анхел ди Марија, за Светците сигурно нема да игра и Нејмар.

Бразилецот се повреди вчера на куп-дуелот со Каен и ќе мора да паузира најмалку еден месец. Деталните прегледи покажаа дека повредата е сериозна, а првичните прогнози на лекарите се дека Маурисио Покетино нема да може да смета на Нејмар за првиот меч со Барса на 16 февруари на „Камп ноу“, а неизвесен е и неговиот настап на реванш-дуелот на 10 март во Париз.

Претходно се повреди и Анхел ди Марија, од ПСЖ објавија дека и тој нема да игра на првиот меч во Барселона, со што се намалуваат шансите за успех на популарните Светци од Париз во двомечот со петкратниот европски шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести