Нов Мундијал – стари Јапонци, повторно го импресионираа светот (Видео)

Јапонските навивачи и во Катар ги воодушевија фудбалските фанови ширум целиот свет бидејќи во Доха направија чекор повеќе од Мундијалот во Русија, кога го исчистија ѓубрето на „Ростов арената“ иако нивните фудбалери доживеаја болен пораз од Белгија.

Сега јапонските навивачи ги оставија без текст сите во Катар бидејќи помагаа да се соберат отпадоците од трибините веднаш по првиот натпревар на СП меѓу домаќинот и Еквадор.

Локален навивач беше импресиониран од потегот на јапонските навивачи на „Ал Бајт“ стадионот и видеото го објави на социјалните мрежи.

„Некој нека ме убеди дека ова е нормално. Јапонските навивачи одлучија да го исчистат стадионот иако не играше нивната репрезентација. Зошто чистите нешто што не е поврзано со вас“, се запраша локалниот навивач.

„Јапонците никогаш не оставаат смет зад себе. Го почитуваме секое место“, беше одговорот на навивачите од земјата на изгрејсонцето.

Навивачот беше импресиониран од одговорот.
„Вакво нешто сум слушнал, но никогаш не сум помислил дека е вистина. Голем респект“.

- Оглас -

Најнови вести