Нов напаѓач пристигнува во Реал Мадрид, но како позајмен од клуб кој испадна од лига

Напаѓачот на Еспањол, Хоселу, ова лето ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, но како позајмен фудбалер. Обврската на Реал Мадрид ќе биде само да ги преземе сите финансиски обврски кон играчот, односно комплетно ќе ја сноси неговата плата.

Со тоа се активира клаузулата од неговиот договор, која гласи дека може да игра за друга екипа доколку Еспањол испадне од лига.

Хоселу е во одлична форма и постигна 17 голови оваа сезона, со што се најде на третото место на најдобрите стрелци во Шпанија, позади Левандовски и Бензема.

- Оглас -

Најнови вести