Нов пораз на Еурофарм од Хановер за последно место во ЕХФ-купот

Еурофарм Работник претрпе висок пораз од Хановер вечерва во Битола со 29:17 и ќе заврши како последнопласиран во групата Б во ЕХФ-купот.

Мечот беше решен веќе по првото полувреме, кое Бундеслигашот го доби со 15:8. Контрите на Германците беа кобни за битолчани, а разликата постојано растеше и стигна до 7 разлика по првите 30 минути.

И во продолжението ракометарите на гостинскиот тим беа подобри, ја зголемија разликата на 12 голови и убедливо славеа втора победа во групата против Еурофарм Работник.

На првиот меч битолчани пружија многу посилен отпор, но и во Хановер загуби со 21:24. Со една победа и уште еден меч до крајот на натпреварите по групи, Еурофарм Работник нема шанси да го избегне последното место во групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести