Нов пораз на младинките, опстанокот во елитната А дивизија е во опасност

Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години, денеска беше поразена од Исланд со 29-35, и тоа значи дека на последниот меч на Европското првенство, избраничките на Јулијана Дамчевска ќе се борат за избегнување на последното 16-то место.

Македонскиот тим ги загуби сите досегашни мечеви на првенството на кое учествуваат елитните 16 селекции од Европа.

Во денешниот пораз против Исланд, најефикасна беше Анастасија Трпеска со 6 голови, а по пет постигнаа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска.

Бидејќи ќе бидеме последни или претпоследни на конечната табела, тоа значи учество на турнирот кој треба да се одржи во ноември, а на кој ќе играат победниците од двете второкласни првенства кои се играат во Литванија и Косово, но и другата селекција (Србија или Хрватска) која ќе биде последна или претпоследна. Од тој турнир со четири селекции, само најдобриот ќе игра на главното ЕП во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести