Нов пораз од Египет, некои потфрлија, некои се наметнуваат кај селекторот Лазаров

Македонската ракометна машка репрезентација, денеска загуби од Египет со 26-31 во вториот пријателски меч во Каиро, откако вчера Фараоните беа нешто поубедливи и подобри со 32-25.

Нашите ракометари беа добри во првото полувреме и водеа со 13-11 против африканскиот првак и олимписки полуфиналист, но тогаш дојде пад во играта, и седумминутен период без постигнат гол, па домашните со убава серија направија пресврт.

Tалески исто како и вчера, повторно беше најдобар стрелец со 9 гола, Ц. Кузмановски даде 7, а Велковски 6. Македонија со два порази ја завршува оваа ЕХФ недела, а собирот пред ЕП би требало да биде во втората половина на декември.

- Оглас -

Најнови вести