Нов предизвик во играта „До 50 шанси за 100.000 денари“ – Лидерот сега има 43 погодени натпревари

Влатко Д. е нов лидер во втората етапа на играта „До 50 шанси за 100.000 денари“ што ја организира Sport Life. Сега предизвик за сите обложувачи пред стартот на викендот е да се мине границата од 43 погодени натпревари што му успеа на новиот лидер во Генералниот пласман.

Иако има доста одложувања на спортските натпревари во светски рамки, сепак ќе има и доволно мечеви за да можете прецизно да составите тикети со 50 пара и да продолжите со учество во акцијата за добивка од 100.000 денари.

Рокот е стандарден во оваа етапа, втора од планираните 8, а ќе се сметаат сите тикети што ќе бидат уплатени до недела до 23 часот.

Понеделник е ден за доделување на добивките, а премијата ви е добропозната, изнесува 100.000 денари за шампионот на втората етапа.

Второпласираниот ќе добие ваучер од 25.000 денари, што ќе може да го искористи во „Техномаркет“ или во „Анхоч“. За трето место следуваат ваучери секој ден во месецот во вредност од 200 денари.

- Оглас -

Најнови вести