Нов прекин во Ротердам, фудбалер на Ајакс со раскрвавена глава (Видео)

Полуфиналето од Холандскиот куп помеѓу Феенорд и Ајакс повторно е во прекин, овојпат поради тоа што гостинскиот играч Деви Класен беше погоден со тврд предмет во глава и обилно крвавеше.

Првиот прекин беше уште на стартот на мечот, кога домашните фанови имаа пиротехничко шоу и направија огромен темен облак.

Ајакс води со 2-1 во овој меч, од кој победникот треба да оди во финале против ПСВ Ајндховен.

https://twitter.com/i/status/1643698621718618114

- Оглас -

Најнови вести