Нов рекорден трансфер во женскиот фудбал а сумата демонстрира колкава е разлика со машкиот

Кеира Валш од Манчестер сити ќе ги засили редовите на женскиот фудбалски клуб на Барселона и тоа за рекорден трансфер.

Станува збор за сума од некаде 400 илјади евра со што бе2017ше урнат претходниот рекорд на Пернил Харнер од 340 илјади евра која од Волфсбург во 2020 прејде во редовите на Челзи.

Разликата во вложувањата меѓу машкиот и женскиот фудбал се енормни а најдобар доказ за тоа е и висината на трансферите. Проценете само колкава разлика има од трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ за 222 милиони евра, рекорд кој што е актуелен од 2017 година.

Валш игра на средината од теренот а за Манчестер сити на 118 настапи има шест погодоци.

- Оглас -

Најнови вести