Нов шок за некогашниот европски првак и „заспан“ германски гигант, може пак да остане без Бундеслига

Фудбалерите на Хамбургер ги разочараа своите навивачи откако загубија со 3:2 на гостувањето кај Магдебург, во меч од 30 коло на Цвајте Бундеслига, односно втората германска лига. Овој пораз може многу да го чини Хамбургер во борбата за враќање во Бундеслигата. Екипата моментално е на третото место, додека само првопласираните два тима обезбедуваа директен пласман во елитата. Третиот од Цвајте ќе игра бараж.

Во својата историја, Хамбургер може да се пофали со шест титули во првенството, но и со европска круна од 1983 година, кога триуфмираа во Купот на европски шампиони. Веќе четири години Хамбургер е во втора лига и никако да се врати во Бундеслигата и тоа секогаш е поради очајни резултати во финишот од сезоната.

И оваа сезона Хамбургер играше добро, а пред два месеци беше комотен на второто место, со само два бода помалку од лидерот Дармштад, а четири повеќе од третиот Хајденхајм.

Сепак, во последните два месеци и одиграните девет меча, Хамбргер победи само три пати, па сега се на третото место на табелата, но дури се во опасност да го загубат и ова место. Хамбургер во 2018 година испадна од Бундеслигата и во секоја од сезоните поминати во Цвајте имаат ист неуспешен обид да се вратат во елитата.

До крајот на оваа сезона остануваат уште четири кола во кои Хамбургер сепак ќе се обиде барем да го задржи третото место и во бараж дуел да се обиде да се врати во елитното германско фудбалско друштво.

- Оглас -

Најнови вести