Нов скандал во Барселона: Бартомеу обвинет за корупција

Нови проблеми ја тресат Барселона, но овојпат Лионел Меси не е главната причина. Претседателот Жозеп Бартомеу е обвинет за корупција и му се заканува затворска казна, а наводно постои и доказ за неговата валкана игра.

Управата користела агенција задолжена за водење социјални мрежи преку која се ширеле негативни вести за фудбалерите, додека со пофалби ја следеле работата на Бартомеу и директорите на Барселона. На овој начин раководството се обидело да го исчисти својот имиџ кај медиумите, меѓутоа и да оствари профит.

Каталонската полиција го оптужи Бартомеу за корупција, односно за економски криминал, случајот ќе се продлабочи во претстојниот период со цел да се одреди казната за претседателот на Каталонците.

 

 

- Оглас -

Најнови вести