Нов скандалозен потег на Рони О`Саливен (Видео)

Неповторливиот Рони О`Саливен попладнево на натпреварот со Доминик Дејл на Отвореното првенство на Шкотска во снукер направи нешто што ги шокираше сите кои го гледаа мечот.

При негатива од 1-2 во фрејмови, а се играше во четири добиени, Рони со серија убави потези, од кои претпоследниот генијален, дојде на еден погодок од изедначување на 2-2, но тој со сета сила ја удри белата и двете топки летнаа, па тој како намерно да го загуби тој тежок фрејм во кој двајцата водеа тешка тактичка борба.

Сепак, О`Саливен не би бил О`Саливен ако не шокира, па потоа заигра како што знае и ги доби последните три партии за победа од 4-3.

- Оглас -

Најнови вести