Нов трипл-дабл на Дончиќ за победа на Далас, Атланта го шокираше НБА првакот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ оствари трипл дабл во победата на својот тим Далас Мавериккс над Оклахома сити тандер.

Словенецот имаше учинок од 20 поени, 11 скокови и 12 асистенции со што тимот од Тексас дојде до четврттата победа во последните пет средби во Западната конференција и сега е на петтото место со учинок од 25 победи и 19 порази.

Екипата на Атланта хокс, пак, направи сензација пред своите навивачи и го шокираше Милвоки бакс со победа од 212:114. Тре Јанг со 30 поени и 11 асистенции беше најдобриот поединец кај Атланта која ја прекина сеијата од пет едноподруго порази.

НБА

Бостон селтикс – Њу Орлеанс пеликанс 104:92

Њујорк никс – ШАрлот хорнетс 87:97

Вашингтон визардс – Филаделфија 76-ерс 117:98

Кливленд кавалирс – Бруклин нетс 114:107

Лос Анџелес клиперс – Индијана пејсерс 139:133

Мемфис гризлис – Чикаго булс 119:106

Атланта хокс – Мивоки бакс 121:114

Орландо меџик – Портланд трејлблејзерс 88:98

Мајами хит – Торонто репторс 104:99

Далас маверикс – Оклахома сити тандер 104:102

Сан Антонио спарс – Феникс санс 107:121

Лос Анџелес лејкерс – Јута џез 101:95

- Оглас -

Најнови вести