Нов трипл-дабл на Јокиќ, Дончиќ, Леброн и Џорџ броеја до 40 и повеќе (Видео)

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш потврдија дека се главни фаворити за признанието за МВП на регуларниот дел од сезоните, предводејќи ги своите екипи до нови победи.

Јокиќ во победата на неговиот Денвер нагетс од 130:101 оствари нов трипл-дабл и тоа каков. Центарот на Денвер за 35 минути игра имаше учинок од 26 поени, 18 скока и 16 асистенции.

 

И Дончиќ одигра неверојатен натпревар во тексашкото дерби меѓу Далас и Хјустон. Дончиќ со дабл-дабл од 47 поени и 12 скока го предводеше неговиот Далас до триумф од 125:107.

 

Одлична партија одигра и Леброн Џејмс кој уфрли 40 поени во победата на ЛА Лејкерс од 116:104 над Бруклин нетс.

И во вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси имаше играч кој даде повеќе од 40 поени, тоа е Пол Џорџ кој застана на 41 поен во триумфот на неговиот од 130:118 над Шарлот.

 

Резултати: Денвер – Кливленд 130:101, Бруклин – ЛА Лејкерс 104:116, Шарлот – ЛА Клиперс 118:130, Торонто – Филаделфија 120:135, Вашингтон – Мајами 107:119, Хјустон – Далас 107:125, Минесота – Чикаго 101:109, Њујорк – Оклахома сити 112:113, Сан Антонио – Голден стејт 113:117, Сакраменто – Јута 127:106.

- Оглас -

Најнови вести