Нов циркус на Кирјос – Само залепи некаде, секако ќе предадам

Лани му свиреа, но не го победија и Ник Кирјос ја освои титулата во Акапулко, но годинава направи нов циркус и предаде меч на истиот турнир, а потоа пак се скара со публиката.

„Искрено ми е гајле за нив. И лани ми свиреа, но не ме засегаат. Дојдов неподготвен и помогнав тутрнирот да добие на публицитет, но не можев повеќе да играм бидејќи бев повреден“, изјави Кирјос откако при негатива од 0:1 во сетови му го предаде мечот на Иго Умбер од Франција.

Сепак, и публиката и организаторите имаат право да реагираат на новиот циркус на Австралиецот. При резултат од 4:1 во гемови за ривалот, Кирјос побара од тренерот да му залепи лента на повредениот зглоб, но и најави дека ќе се откаже.

„Само залепи тука, секако ќе го предадам мечот“, рече Кирјос. Издржа уште четири гема и се откажа, па нема да има шанси да ја брани титулата во Акапулко.

 

- Оглас -

Најнови вести