Нов Зеланд се пофали дека ќе игра пријателска со лидерот на ФИФА листата

Поради пандемијата со Коронавирусот, повеќе од четири месеци не се играат националните фудбалски дуели. Дури и Европското првенство кое требаше да се игра летово во 12 различни земји, е одложено за следната година.

Според најавите, во најскоро време треба да продолжат и репрезентативните мечеви. За во септември се закажани мечевите од Лигата на нации, а следниот месец треба да има и контролни средби. Селекторот на Нов Зеланд Дани Хеј се пофали дека за на 8 октомври договорена е средба против Белгија.

Мечот ќе се игра во Брисел, а засега не се знае дали ќе биде дозволено присуство на публика. Белгија моментно е најдобрата селекција на рангирањето на ФИФА, а за во октомври има закажано вкупно три дуели. Освен против Нов Зеланд, Белгија ќе игра и против Англија на гости на 11 октомври, а на 14 октомври ќе играат Белгија и Ирска.

- Оглас -

Најнови вести