Нова бламажа на играчот за кој Ливерпул плати 100 милиони евра (ВИДЕО)

Дарвин Нуњез летово беше промовиран како големо засилување за кое Ливерпул ѝ плати на Бенфика 100 милиони евра.

Но, Уругваецот никако да почне да ги оправдува вложените средства, а шанса за да си ја поврати формата, има на оваа репрезентативна пауза, каде што со Уругвај ќе одигра два пријателски натпревари.

Според тоа што може да се види, напаѓачот е далеку од идеална форма, а потврда за тоа е и видеото од еден од последните тренинзи на оваа јужноамериканска селекција. Едноставно, кога не оди, не оди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести