Нова драма на повидок: враќањето на Ѓоковиќ во Австралија нема да оди како подмачкано

Настапот на Новак Ѓоковиќ на првиот грен-слем турнир во 2023 година, Австралијан опен, е неизвесен. Лани на Србинот не му беше дозволено да игра, беше депортиран од Австралија поради тоа што не е вакциниран, па доби забрана за влез во земјата во период од три години.

Првиот човек на АО, Крег Тили, вели дека одлуката дали Новак ќе смее да игра во Австралија, не ја носи тој, а од владата на сојузната држава Викторија во која се наоѓа градот Мелбурн, топката ја префрлаат на федералната влада на Австралија, во која веќе го нема Алекс Хоук, министерот за имиграција, кој со својата одлука го депортираше Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ за да игра на АО, мора да бара дозвола од владата на Австралија за влез во земјата. Веќе не е задолжителна вакцината против коронавирус за влез во земјата, но има и противници на идејата.

Има политичари кои сметаат дека на Ѓоковиќ не треба да му се попушта само затоа што е познат тенисер кој има милиони долари, и дека ако го пуштат пред 2025 година да влезе во Австралија, тоа би било шамар за правниот систем во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести