Нова епизода од серијата „слепи НБА судии“ (Видео)

На натпреварот помеѓу Детроит пистонс и Вашингтон визардс од НБА лигата, бекот на „волшебниците“, Бредли Бил, си се прошета под кошот на противникот, направи четири чекори без да ја тапне топката, но судиите останаа неми и не му свирнаа чекори, иако беше очигледно дека Бил ги прекрши основните правила на кошаркарската игра.

Не помогнаа ниту жалбите и укажувањата од играчите и тренерот на Пистонс, Двејн Кејси. Играта продолжи како ништо да не било. За среќа, овој момент немаше влијание врз конечниот резултат, Детроит славеше победа, но фрлена е нова темна дамка врз арбитрите кои делат правда во најсилната кошаркарска лига на светот. Не им е првпат да не досудат очигледни чекори.

Од асоцијацијата на судии се обидоа да ги оправдаат колегите дека Бил привремено ја загубил контролата врз топката и наводно затоа смеел потоа да продолжи со акција и додавање или шут.

И самиот Бил се пошегува, и на Твитер напиша: „Мене ми изгледаше дека е чисто и регуларно, хахаха“.

https://www.youtube.com/watch?v=l3gFSJg774c

- Оглас -

Најнови вести