Нова фудбалска војна во Берлин – На хулиганите на Феенорд и Унион им се приклучи уште една група (Видео)

Тежок ден го чека Берлин и главниот град на Германија веќе е под опсада на хулиганите од Ротердам, навивачите на Феенорд, но и тие на Унион Берлин пред денешниот меч од Конференциската лига на УЕФА од 21 часот.

Веќе има инциденти и упасени се 70-мина навивачи од двете страни, а во целиот калабалак се вклучи и трета страна, опасните симпазтиери на Енерги Котбус.

Хулиганите од Ротердам ги налутија домашните навивачи на Унион со цртање на клупските симболи на познатата „Ист сајд галерија“ во Берлин.

Инциденти имаше и пред две седмици на првиот меч меѓу двете екипи, кога околу 500 навивачи на Унион Берлин од вкупно 3.000 не беа пуштени на култниот стадион „Де Кајп“ во Ротердам.

Гостите се жалеа на употреба на прекумерна сила од холандската полиција, а имаше и повредени навивачи на Унион Берлин.

 

 

- Оглас -

Најнови вести