Нова главоболка за Чоло Симеоне – Капитенот признава: Имам психички проблеми

Саул Нигес не игра на препознатливо ниво веќе подолг период, а признава дека има психички проблеми што му пречат да го даде максимумот во дресот на Атлетико Мадрид.

Капитенот на Јорганџиите одигра само 18 меча, со многу помала минутажа од вообичаената, а по шокантниот пораз од нисколигашот Корнелја вчера во Копа Дел Реј, Саул одлучи да проговори за своите проблеми.

„Не сум добар ментално. Екипата и покрај поразот од Корнелја игра добро и е лидер во Ла Лига, но знам дека им недостасуваат моите стандардни игри. Им се извинувам на навивачите за елиминацијата од шпанскиот куп“, изјави Саул.

Тој е капитен на тимот и член на Атлетико Мадрид од 2008 година и еден од омилените играчи на навивачите на „црвено-белите“.

Интересно е што ја почна кариерата како младинец на Реал Мадрид во 2006 година, а две години подоцна се пресели во редовите на градскиот ривал Атлетико и веќе 13-та година по ред е член на Јорганџиите.

 

- Оглас -

Најнови вести