Нова лоша вест од Премиер лигата, задутре и на „Емирејтс“ во Лондон ќе нема фудбал

Се редат нови одложени дуели во Премиер лигата поради пандемијата со ковид-19, а вечерва по мечот меѓу Лидс и Астон вила, одложен е и дуелот меѓу Арсенал и Вулверхемптон што требаше да се игра на 28 декември.

Ситуацијата кај популарните Волци со листата на заразени со корона-вирус не се подобри и мораше да биде одложен и вториот дуел од 20-тото коло.

Вулверхемптон не играше ниту денеска на Боксинг деј од истите причини и нивниот меч со Ватфорд беше одложен.

Следното коло, 20-то по ред во англиското првенство, е во термини на 28 29 и 30 декември, односно меѓу двете празнични кола, денешното на Боксинг деј и 21-вата рунда закажана за први, втори и трети јануари.

Потоа ќе следува пауза од две недели, па почнува вториот дел од сезоната во најсилната фудбалска лига во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести