Нова мајсторија на Трајковски во Саудиска Арабија (Видео)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски потврдува дека е во одлична форма откако постигна уште еден гол за својот тим Ал-Феиха. На гостувањето кај Ал-Тавон, Трајковски одлично реагираше во 31-вата минута, кога во трк од прва одлично ја удри топката и го матираше голманот на противничката екипа.

Ал-Феиха беше на прагот на победа кај ривалот, кој важеше за фаворит, но Ал-Тавон со погодок во 94-тата минута се спаси од пораз и на крајот двата тима освоија по еден бод. Ал-Феиха сега има 20 бода од 17 меча и е на 10-тото место на табелата, додека Ал-Тавон сега има 31 бод од 18 дуели.

- Оглас -

Најнови вести