Нова „Паненка“ на Рамос, Жирона поведе и го налути Реал Мадрид (Видео)

Жирона поведе со 1-0 против Реал Мадрид и само го разлути фаворитот, кој славеше со 4-2 во првиот четврт-финален меч во шпанскиот куп.

Мечот го одбележа новата мајсторски изведена „паненка“ на Серхио Рамос, но и ефикасната игра на двете екипи.

https://www.youtube.com/watch?v=2q-tQ5-VCAY

Жирона поведе со голот на Лозано во седмата минута, а Лукас и Рамос од пенал, до полувремето направија пресврт. Гостите не се предаваа, израмнија на 2-2 со погодокот на Гранел од белата точка, а финишот комплетно му припадна на гигантот.

Серхио Рамос постигна уште еден гол, овојпат со удар со глава во 77-мата минута за 3-2. Карим Бензема само 180 секунди подоцна ја запечати победата од 4-2.

Реваншот ќе се игра за една седмица во Жирона.

- Оглас -

Најнови вести