Нова прилика за Ибрахимовиќ да покаже дека е подобар од Вела

ЛА галакси го елиминираше тимот на Минесота со конечни 2-1 во првата рунда од разигрувањата, па четирикратниот американски првак закажа пресметка против градскиот ривал Лос Анџелес во битка за полуфиналето во МЛС лигата.

Тоа значи дека двајцата најдобри стрелци во лигата, Карлос Вела и Златан Ибрахимовиќ, повторно се докажуваат кој е подобар голгетер. Мексиканецот со 34 погодоци се истакна како најефикасен играч во регуларниот дел, имаше четири гола повеќе од Швеѓанецот, но во меѓусебните дуели на двете екипи од Лос Анџелес, Златан е играчот кој најчесто ги тресе мрежите и брои осум погодоци во петте меча.

Последната меѓусебна пресметка заврши со конечни 3-3, меч во кој Златан постигна два гола, Вела само еден, а интересно е што Лос Анџелес досега нема остварено победа против Галакси. Дербито од четврт-финалето е закажано ноќта меѓу среда и четврток со почеток од 04:30 часот.

Инаку, ноќеска победата на Галакси на гостувањето кај Минесота ја донесоа Летџет и Дос Сантос со нивните голови во 71-вата и 75-тата минута, а домаќините дојдоа до почесниот гол преку Грегус во финишот од средбата.

- Оглас -

Најнови вести