Нова титула за Македонецот Андоновски, Американките се континентални шампионки (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на САД, чиј селектор е нашинецот Влатко Андоновски, ја освои титулата на првенството на КОНКАКАФ зоната.

Со освојување на титулата првак на Северна и Средна Америка, САД обезбеди место на Светско првенство 2023 и на Олимписките игри во 2024 година. Американките на петте меча на ова првенство славеа петпати и имаа гол-разлика 13-0.

Во финалето, Американките ја победија Канада со 1-0, а голот го даде Алекс Морган од пенал во 76-тата минута. За Морган тоа беше 118-ти гол во дресот на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести