Нова трагедија: Се удави руска ракометарка во езеро во Полска

Трагична вест стигна од Полска откако се потврди дека руската ракометна репрезентативка Екатерина Королева се удавила во езеро. Несреќата се случила вчера, на езерото Желег Мали, во близина на местото Старе Јаблонке, во непосредна близина на терените каде што се одржувало Европското првенство во ракомет на плажа.

Королева заедно со колешка од репрезентацијата пловеле со скутер на вода по езерото, кога таа решила да скокне во водата. По неколку минути, нејзиното тело излегло на површината притоа не давајќи знаци на живот. Набрзо дошла и брзата помош за да интервенира, но по неуспешниот обид да ја вратат во живот кој траел седум минути, медицинските лица констатирале смрт.

Королева на својата 15-годишна возраст почнала да се занимава со ракомет, а откако ги минала сите младински категории на руската репрезентација, преминала во ракомет на плажа.

- Оглас -

Најнови вести