Нова тренерска вртелешка во Палермо – Стелоне доби отказ

Палермо повторно ќе има нов тренер во финишот на сезоната во Серија Б откако Роберто Стелоне доби отказ по ремито со аутсајдерот Падова на домашен терен.

Палермо падна на третата позиција, која не води директно во Серија А, па Стелоне мораше да си замине. Тоа е нова тренерска смена кај клубот од Сицилија, па Несторовски и Трајковски ќе имаат нов шеф на стручниот штаб во финишот на сезоната и во обидот да дојдат на една од двете позиции кои водат директно во Калчото.

Како најсериозен кандидат се споменува Делио Роси, искусен страгет кој беше на клупата на Палермо во два наврати претходно.

Палермо со 57 бодови е на третата позиција во Серија Б, со три бода помалку од Лече и шест од Бреша, но може да се израмни со второпласираната екипа бидејќи има меч помалку од Лече.

- Оглас -

Најнови вести