Новак Ѓоковиќ го победи корона-вирусот!

Светскиот тениски рекет број 1 во светот Новак Ѓоковиќ е здрав и веќе нема корона-вирус. Тоа го потврдија резултатите од вториот тест кои пристигнаа денеска. Покрај Новак, негативна е и неговата сопруга Јелена.

Ноле направи тест минатиот вторник, кога се врати од тенискиот турнир во Задар, каде што всушност и започна серијата на позитивни случаи во тенискиот свет. Во Задар прво стигна веста дека позитивен на опасниот вирус е бугарскиот тенисер Григор Димитров, а потоа беа тестирани и останатите учесници на турнирот, а меѓу позитивните се најде и Ѓоковиќ.

„Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на корона-вирусот. Тоа го покажаа најновите тестови кои беа направени во Белград. И Нова и Јелена не почувствуваа никакви симптоми на вирусот. Од враќањето во Задар, тие двајцата беа во самоизолација и ги почитуваа сите безбедносни мерки“, стои во соопштението од тимот на Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести