Новак Ѓоковиќ не заборави да го честита роденденот на својот најголем идол

По големата антикампања која беше направена против Новак Ѓоковиќ кој организираше тениски турнири без да бидат запазени протоколите за заштита од Коронавирусот, Србинот повторно се враќа на нормалните активности. Ѓоковиќ повеќе од две недели беше неактивен на социјалните мрежи. На 23 јуни информираше дека е позитивен на Коронавирусот, а потоа објави дека без поголеми проблеми го прележал опасниот вирус и дека се чувствува добро.

Ѓоковиќ вчера реши повторно да се активира на Инстаграм и да го честита роденденот на својот најголем идол, а тоа е Никола Тесла. Големиот научник е роден на 10 јули 1856 година, а е светски познат по тоа што ја има откриено струјата. Ѓоковиќ на својот профил напиша „Среќен роденден господине Тесла“.

Ноле од порано има покажано колку се восхитува и го почитува Тесла. Српскиот тенисер често знае да носи маица со ликот на Тесла, на патиките го има неговиот симбол со голубите, дури се има оженето токму на денот на кој е роден Тесла, а и кучето на Ноле го носи името на прославениот научник. Секако, Ѓоковиќ вози автомобил Тесла.

- Оглас -

Најнови вести