Новак ја покри устата, но сите го слушнаа, ова е моментот кога пукна тиквата меѓу него и Иванишевиќ (Видео)

Разделбата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со тренерот Горан Иванишевиќ беше големо изненадување и многумина се прашуваат што е причина за крајот на плодната соработка.

Србинот освои 12 гренслем-титули со Иванишевиќ како тренер, а се шпекулира дека неуспехот на Отвореното првенство на Австралија влијаел врз одлуката. На една снимка од полуфиналето помеѓу Ѓоковиќ и Јаник Синер се слуша како тенисерот кој немаше одговор за играта на противникот, својот бес го истура врз стручниот штаб.

„Вие не сте нормални. Колку сте лоши… Ужас, ужас, сите!“, викаше Ѓоковиќ, кој ја покриваше устата за да не се слушне убаво што кажува, но сега снимката е хит и тоа е моментот кој се спомнува како причина за отказот на Хрватот.

- Оглас -

Најнови вести