Новак сака нешто ново против Кирјос: Јас сум поискусен и потрофеен, но факт е дека немам освоено сет против Ник

Новак Ѓоковиќ повторно играше со сет „фора“ и по негативата од 0:1 против Камерон Нори, направи комплетен пресврт, победи со 3:1 и ќе игра ново финале на Вимблдон.

Актуелниот шампион ќе игра против Ник Кирјос, кој е дебитант во финалињата на гренслем турнирите, но има одличен биланс со Ѓоковиќ од 2:0 во два меча и се уште е без загубен сет.

„Благодарам на честитките, но работата не е завршена, ќе треба да победам и во финалето за да се слави нешто. Едно е сигурно, против Кирјос ќе биде финале со многу емоции. Тој ќе биде повозбуден, за првпат ќе игра финале на гренслем, а јас сум поискусен. Знам дека досега немам освоено сет против Ник и немам победа, па ќе се обидам тоа де се смени во финалето“, изјави Ѓоковиќ.

Кирјос ќе биде поодморен за финалето во недела, бидејќи без игра мина во финалето, откако Рафаел Надал се откажа на ден пред полуфиналето.

За Австралиецот ова е прво гренслем финале, а Ѓоковиќ веќе е рекордер со 34 финалиња на четирите најценети тениски турнири, а на 20 од нив успеа да победи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести