Новак се сети на култната изјава на Коби која сé уште го мотивира (видео)

Иако е многу блиску до тениска историја, Новак Ѓоковиќ знае дека работата не е завршена. За календарскиот слем е потребно да го надигра уште Данил Медведев во големото финале на ОП на САД, а откако го откри рецептот за да успее во намерата да стане најдобар тенисер на сите времиња, Новак се потсети на култната изјава на кошаркарската легенда Коби Брајант, неговиот пријател и ментор кој трагично го загуби животот пред една и пол година во хеликоптерска несреќа.

„Во едно од финалињата, тимот на Коби водеше со 3-1 и тогаш се случи неговото познато интервју, кога праша зошто би требало да е среќен. Работата не е завршена, така кажа Коби, а и јас имам таков став. Возбуден сум и мотивиран повеќе од било кога, во тоа не се сомневам, но работата не е завршена“, посочи Ѓоковиќ на прес-конрефенцијата по победата над Зверев.

Само што првиот светски рекет малку се збуни околу финалето во кое Лејкерси ја освоија титулата против Орландо меџик, но јавноста ќе му прости. Езерџиите водеа со 2-0 во финалната серија кога Брајант ја кажа култната изјава, која до ден денес го мотивира Новак.

https://www.youtube.com/watch?v=aaplovE3vsg

- Оглас -

Најнови вести