Новак слета во Србија и доби уште поголема главоболка – Драмата во Австралија беше само почеток

Новак Ѓоковиќ слета на аеродромот „Никола Тесла“  во Србија и се упати кон непознат правец.

Светскиот рекет број еден беше пречекан од голем број фанови и медиуми од Балканот, но не упати ни една благодарност за поддршката што ја добиваше по сите настани во Австралија.

Но, тоа се чини дека беше само почеток за Ѓоковиќ, кој сè уште нема примено вакцина против ковид-19. Сите преостанати три гренслем-турнири најавија дека ќе бараат задолжителна вакцинација, а и главниот спонзор, „Лакост“ најави дека ќе има разговор со Новак, па доколку тој не ја промени својата одлука, тогаш тие ќе му го раскинат договорот.

„Наскоро треба да бидеме во контакт со Новак и да ги расчистиме сите детали за тоа што се случуваше во Австралија. Се надеваме дека организаторот на ОП на Австралија ќе има убав турнир и на сите тенисери им посакуваме среќа и добро здравје“, изјавија од „Лакост“.

Новак заработува околу 30 милиони евра на годишно ниво, што според Форбс е доволно за 41-вото место во ранкингот на најплатени спортист.

 

- Оглас -

Најнови вести