Новак во шампионскиот говор му се обрати и на Златан: Ибро, ти ми си другар

Новак Ѓоковиќ денеска повторно го воодушеви светот и дојде до 23-тиот грен слем трофеј во кариерата, откако во финалето на Ролан Гарос го победи Каспер Руд, а мечот го следеа голем број спортски ѕвезди, на кои српскиот тенисер јавно им се заблагодари.

Тој во шампионскиот говор не заборави да ги поздрави ѕвездите како Том Брејди, Килијан Мбапе, Оливие Жиру, како и Златан Ибрахимовиќ за кого имаше посебна порака.

„Ибро, ние се знаеме некое време. Ибро ти си ми другар“, рече Ѓоковиќ, по што Златан му направи срце со рацете.

- Оглас -

Најнови вести