Новата Ана Курникова дојде до полуфиналето на Ролан Гарос

Младата, 17-годишна Аманда Анисимова се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, што е нејзин најголем успех во кариерата. Американката со руско потекло во денешното четврт-финале беше подобра од Симона Халеп со 6-2, 6-4. Романката лани го освои овој турнир, но тинејџерката го прекина обидот на десет години постарата Халеп да ја одбрани титулата.

Анисимова, која во Париз дојде на 51-вата позиција на ВТА-листата, во полуфиналето игра со осмата носителка Ешли Барти. Ова полуфинале може да биде и финале пред финале, бидејќи победничката ќе биде фаворит во финалето со Конта или Вондрушова.

- Оглас -

Најнови вести