Новата година во Јапонија почна со автогол (Видео)

Висел Кобе, за кој настапуваат Андрес Иниеста, Давид Вилја и Лукаш Подолски, ја победи Кашима антлерс со 2-0 во Царскиот куп на Јапонија и тоа беше прв официјален фудбалски натпревар на новиот олимписки стадион во Токио, но првиот погодок беше автогол, и тоа не е баш добар сигнал.

Несреќникот беше Томоја Инукаи. Вториот гол го даде Норијаки Фуџимото. Со победата, Висел си обезбеди место во азиската Лига на шампиони, а ова е негов прв трофеј во клупската историја.

Погледнете ја лошата реакција на одбраната и првиот гол во Јапонија за 2020 година:

https://www.youtube.com/watch?v=jKDknd7UlMo

- Оглас -

Најнови вести