„Новата“ Македонија ќе му донесе деби-победа на Милевски во Скопје

Новата ера на фудбалската репрезентација на Македонија почнува вечерва од Националната арена во Скопје, во дуел против Ерменија, противник по мерка против кој може да се оствари позитивен резултат. Тоа е императивот во официјалното деби на новиот селектор Благоја Милевски на селекторското столче, а воедно шанса да се продолжи со низата победи за одржување на сонот наречен „Катар 2022“.

Иако останавме без најголемиот лидер и фудбалската икона Горан Пандев по неговото повлекување од репрезентацијата, Македонија доби нов капитен во Стефан Ристовски, кој посакува да ја оправда таа одговорност така што побара секој од неговите соиграчи што ќе се најде на теренот на Арената „Тодор Проески“, ќе има задача да ја пополни таа празнина, вклучувајќи се и самиот во таа мисија. Иако го нема Пандев, како и офанзивците Тричковски и Велковски, по подолго време во тимот се врати искусниот Јаховиќ, од кого се очекува голгетерската форма од Ѓозтепе да ја пренесе и во националниот состав.

Нема сомнежи дека историскиот настап на Европското првенство сé уште има улога во позитивната атмосфера во соблекувалната, што е добро за самодовербата на Рисовите, кои целат да го одржат позитивниот биланс на домашен терен против Ерменија. Иако загубивме три од последните пет меѓусебни дуели против оваа селекција, тие порази се претрпени на гости, додека во Скопје не паметиме пораз од 1995 година, што е единствен негативен резултат против Ерменија на свое тло.

Последните пет средби против Ерменија на домашен терен:

септември 1995 Македонија 1-2 Ерменија

август 2004 Македонија 3-0 Ерменија

септември 2010 Македонија 2-2 Ерменија

септември 2018 Македонија 2-0 Ерменија

септември 2020 Македонија 2-1 Ерменија

Ова ќе биде дуел на двете водечки репрезентации во квалификациската група Ј, во која токму Ерменија е лидер со максимални 9 бода, додека Македонија има 6 освоени со убедливите 5-0 над Лихтенштајн и сензацијата од 2-1 против Германија среде Дуисбург.

Фаворити сме според квалитет, на хартија, но и според квотите во Sport Life. Победа на Рисовите носи убава квота од 1.87, евентуално реми гласи 3.40, додека за нас би било разочарување доколку Ерменија ја оправда „двојката“ од 4.45.

Натпреварот е закажан во вечерниот термин од 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести